На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри. Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Hotel Grand Gold 3*
Хотелот Гранд Голд 3* се наоѓа во централниот дел на Кумбургаз. Располага со голем базен кој е исполнет со солена вода, сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки, а исто така и бар во делот кај базенот каде гостите можат да се освежат со кафе, коктел или некоја закуска.
Hotel MARIN PRINCESS 5*
Хотелот Marin Princes e паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.