+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Кападокија за 23 Октомври

Дозволете ни да Ви ја претставиме нашата нова и поинаква тура, магичната Кападокија за 23ти Октомври. Побрзајте и резервирајте едно досега невидено уживање

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 229 евра 

Што е вклучено во цената

Цената вклучува:

*автобуски превоз

*3 ноќевања со појадок и вечера во хотели со 3*

*придружник од агенцијата

*лиценциран локален туристички водич

Што не е вклучено во цената

Цената не вклучува:

*Патничко осигурување

*индивидуални трошоци

*влезници за музеи и галерии

*летање со Балон во Кападокија – околу 250 евра (со предрезервација)

*влезница за локација за фотографирање на балоните и изгрејсонцето – околу 15 евра

*Музеј на Анадолиските цивилизации – околу 15 евра

*Кападокија и Кајмакли – околу 15 евра

*Ѓореме музеј на отворено – околу 30 евра

*Јучхисар тврдината – околу 250 турски лири

*Локална турска вечер во подземен ресторан – околу 40 евра (со предрезервација)

*Дервишка вечер – околу 40 евра

 

НАПОМЕНА:

Јучхисар е високо место до кое се пристигнува по качување на стрмна патека, не се препорачува за луѓе кои имаат потешкотии со искачување. Препорачливо е да имате удобни обувки.

Посетата на подземниот град Каимакли не се препорачува за лица кои имаат проблеми со дишењето или клаустрофобија. Доколку некој нема да гопосети овој внатрешен дел, може да остане надвор, има ресторани и кафулиња и сувенирници

За реализација на сите факултативи е минимум од 20 патници. Доколку некој од патниците не се појави на договореното место и време на тргнување, групата продолжува а средствата не се рефундираат.

За деца до 11,99 години се плаќа 180евра.

План и програма

ПРВ ДЕН (22.10.2024) Вторник – Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија околу 11:30 часот. Поаѓање за Турција околу 12:00 часот. Патувањето се одвива преку Грција. Попатно собирање на патниции од Велес, Неготино и Гевгелија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН (23.10.2024) Среда – Пристигнување во Анкара во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич, Мазолеумот на Ататурк, Цитаделата на Анкара, со прекрасен поглед кон градот, музејот на Анадолиските цивилизации. По разгледот на градот, слободно време за индивидуални активности. Сместување во Хотел. Вечера и Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (24.10.2024) Четврток – По појадокот во хотел групата се упатува кон Кападокија со попатно застанување на Соленото Езеро Тузпол, сместено на 905 метри надморска височина. Пристигнување во Кападокија и започнување на целодневната екскурзија. Пошетка во Нацционалниот Парк Долината Ѓуреме, дел од листата на заштитени од УНЕСКО, се посетуваат пештерските цркви и храмови, уникатен показател за Византиската уметност во креирањето фрески и цртежи и израбоката на иконостаси. Се посетува градот Аванос, античката Ванеса која е сместена на двата брега на реката Казал Ормак (црвената река, најдолгата во Турција). Градот е познат по грнчарството, еден од најстарите занаети уште од античките времиња, од анадолиските племиња Хети. Посета на Јучхисар, една од главните туристички атракции и архитектонски чуда на Кападокија, од чиј врв има преубави глетки. Сместување во хотел. Вечера. Можност за факултативен излет со АТВ низ регионот за фотографирање со зајдисонцето. Можост за факултативна Турска локална вечер со неограничено пиење и закуски специфични за регионот. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (25.10.2024) Петок – По желба, можност за факултативно летање со Балон на Кападокија, едно од најубавите искуства во светот. Се поаѓа од хотелот рано во 05:30. Оваа факултатива трае околу час и половина и потоа се враќа во хотелот. Појадок. Започнува екскурзијата на подземните градови на Кајмакал, регион кој е развиен уште 2000 години пред нашата ера, град кој е ископан во карпите кој е поврзан со тунели и простории на длабочина од 80 метри. Во договорено време со водичот од групата, поаѓање кон долината Дервент, или позната како розевата долина. Враќање во Хотел. Можност за факултативна посета на дервишка вечер. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН (26.10.2024) Сабота – По појадокот, слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Македонија околу 17 часот. Пристигнување на 27.10, недела во Скопје околу полноќ.

САМО СО АНАМАРИ ТРАВЕЛ ВИСТИНСКИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕТЕ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА !

 

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии… се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ЃоремеСрцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Оддалечен 15 км од Ѓореме.

  • За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Анамари Травел-еск

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]