ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја. Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт…
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259 евра / 16.058 мкд
ПРОМО ЦЕНА 229 eвра / 14.198 мкд за резервации до 15.11
Што е вклучено:
- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet
Не е вклучено:
- ЗАДОЛЖИТЕЛЕН разглед на Виена 15 €
- Посета на Шенбрун (превоз + влезница+води) 50 €
- Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25 €
- Посета на палатата Белведере – 45 €
- Влезници во музеите и културно – историските споменици
- Со доплата за еднокреветна соба 4.500 мкд
- Доплата за избор на седиште во автобус – 10 €
- Туристичка такса 5 € по лице ( плаќање во автобус)
- Патничко-здравствено осигурување – задолжително
- Пратер забевен парк 10 €
- ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Виена, Шенбрун, Дунавска Кула, Пратер) 90 €
Програма
29.12.2024 Недела -СКОПЈЕ – КУМАНОВО – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Русија во 12:30 часот. Тргнување кон Виена во 13:00 часот. Куманово 13:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
30.12.2024 Понеделник – Шопинг центар Parndorf -ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови индивидуална прошетка низ центарот на Виена, слободно време за прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ прекрасните улици на Виена. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање
31.12.2024 Втроник-ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на Виена. Посета на Пратер, забавен парк за сите возрасти и се состои од различни атракции, угостителски и забавни објекти. Се наоѓа на северозападниот врв на Grüner Prater во вториот округ во Виена. Време предвидено за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Mariahilferstrasse. Враќање во хотел. Вечерта околу 21:00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на еден од најмагичниот плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.
01.01.2025 Среда – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф.. Враќање во центарот на Виена. Слободно време за индивидуaлни активности и прошетка во градот. Во попладневните часови заминување кон Скопје. Пристигнување во претпладневните часови во вторник на 02.01.2025
НАПОМЕНА
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
– – За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Анамари Травел – ста
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]