БУДВА – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТОМОНТЕНЕГРО – СУТОМОРЕ – БАР – ДУБРОВНИК – 3 ноќевања
Да ја дочекаме новата година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера и да уживаме во големите хитови на познатите балкански ѕвезди. Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Црна гора и јадранската обала важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Црна гора прекрасна.
Термин: 30.12.2023 – 02.01.2024
3 ноќевања – хотелско и луксузно апартманско сместување во центарот на Сутоморе
ПРОМО ЦЕНА 3 ноќи: 99€ по лице (Редовна цена – 139€)
30.12.2024 – Предновогодишна забава во ТИВАТ заедно со шармантниот САША КОВАЧЕВИЌ
Дочек на Новата 2025 година во БУДВА заедно со неповторливиот ВЛАДО ГЕОРГИЕВ
Дочек на втората новогодишна ноќ во БАР заедно со неодоливата ѕвезда АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ
Лиценциран пратител во текот на патувањето
Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН (30.12.2024) Понеделник
Состанок на групата на Дрводекор во 00:45 часот, поаѓање во 01:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување во хотел во Сутоморе. Хотелот во Сутоморе се наоѓа на самата обала на Јадранското море во центарот во градот. Слободно попладне за одмор и релаксација во Сутоморе. Во 16:00 часот се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Котор. Слободно време за разглед на стариот град Котор кој е еден од најпопуларните туристички градови во Црна Гора, град со зачувана историја, култура и традиција каде што посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи. Од Котор се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват на градскиот плоштад каде што ќе уживаме во организирана предновогодишна забава заедно со САША КОВАЧЕВИЌ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (31.12.2024) Вторник
Вториот ден е предвиден за факултативна посета на Будва. Слободно време за прошетка и разглед на стариот град Будва – бисерот на Јадранот. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Крајбрежната област околу Будва, наречена Будванска ривиера, е центар на црногорскиот туризам, познат по својот добро сочуван средновековен град со ѕидови, тесни улички, песочни плажи. голем број на кафичи и ресторани и разновиден ноќен живот. Новогодишната – најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаме токму во овој град – Будва, каде на градскиот плоштад ќе уживаме во богатата програма предвидена за дочек на Нова Година, заедно со ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (01.01.2024) Среда
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Враќање во Сутоморе и во договорено време се упатуваме кон Бар на градскиот плоштад каде што ќе уживаме во организирана втора новогодишна вечер заедно со АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (02.01.2024) Четврток
Одјавување од собите и се упатуваме кон Бар. Слободно време прошетка и разглед на градот Бар. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА
Понудата вклучува
- – Превоз со високотуристички автобус
- – 3 ноќевања во хотелско и апартманско сместување во центарот на Сутоморе
- – Организација на патувањето и пратител
Понудата не вклучува
- – Факутлативна посета на Котор, Портомонтенегро и Тиват – 15 евра
- – Факултативна посета на Будва – 10 евра
- – Факултативна посета на Дубровник – 30 евра
- – Факултативна посета на Бар – 5 евра
- – Задолжителна доплата за туристичка такса 6€ по лице за сите три ноќевања
- – Патничко осигурување
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]