+389 75 404 480marjan@anamarytravel.mk

Крстарење 3 континенти

АТИНА – ЕГИПЕТ – ИЗРАЕЛ – КИПАР – РОДОС – КУШАДАСИ – (ПИРЕУС) – АТИНА

8 дена – 7 ноќи

Поаѓање од Скопје

10.11.2023 и 01.12.2023

Доколку сакате да откриете нешто ново, да видите други култури, да вкусите фантастична храна и запознаете нова историја ова патување е токму за вас, и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. На крстарењето ги имате вклучено во цената следниве екскурзии: посета на Каиро и Пирамидите на Гиза, Антички Ефес во Кушадаси и куќата на Богородица, спомениците во Атина со Акрополис, како и посета на Ерусалим и Витлеем. Ве покануваме да се подготвите за многу забава, дневни и ноќни активности, и други изненадувања кои би ги откриле доколку сте дел од ова седум-дневно крстарење. Бидете дел од романтичното зајдисонце, на бесконечните морски длабочини, опуштената атмосфера и незаборавното искуство, кое не може да се опише, туку мора да се доживее. Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места.

ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ

Состанок на групата во 22:30ч пред хотел VIP.

Поаѓање за Атина, Грција со кратки паузи по пат.

 

1 ДЕН | Атина ( Пиреа ) 

17:00 часот – Бродот се упатува кон егзотичниот Египет, напуштајќи го пристаништето на Пиреа (Атина). Крстарењето може да започне, а со него и незаборавните искуства и уживање во сѐ она што го нуди овој луксузен брод. Доколку сакате забава, дружење, музички настапи, различни натпревари и слично – сето тоа го имате на ова патување. Или, пак, може само да уживате во добра храна и пијалоци покрај базенот, да се релаксирате во спа, џакузи, јога или можеби фитнес. Никогаш нема да ви биде досадно, има за сите сите вкусови по нешто. 

2 ДЕН | Уживање цел ден на море 

Овој ден е определен за патување, така што имате одлична можост да се запознаете со целиот брод и да ја вкусите разновидната кујна. Сонот станува реалност. – може да уживате цел ден во бескрајното синило на морските води, а притоа да уживате во сѐ што ќе посакате, како да сте во некој луксузен хотел само на вода.

3 ДЕН 06:30 ЧАСОТ |Пристигнување на пристаништето Порт Саид ( Египет )

Го напуштаме бродот и се упатуваме со луксузни и климатизирани автобуси кон најголемиот и главен град во Африка – Каиро.  Исполнет со врвни знаменитости, во овој град е останато последното светско чудо на античкиот свет, Пирамидите на Гиза. Следува ручек .Единствено со оваа крстарење ќе посетите многу места како Тахрир (слобода) плоштад, срцето на центарот на Каиро. Се посетува и националниот археолошки музеј со запознавање на Египетската античка историја, стара повеќе од 50 века. Музејот е збирка на најголемата и најбогатата колекција на египетски антиквитети. Тука е и институтот за папирус каде уметноста на правење хартија од трска ќе биде презентирано за вас. Имате лимитирано време за шопинг. Бродот поаѓа во 22:00 часот и крстарењето продолжува кон нова дестинација.

4 ДЕН 08:00 ЧАСОТ | Пристигнување во Ашдод ( Израел ) 

Во цената е вклучена уште една целодневна екскурзија – Ерусалим и Витлеем. Светиот град за христијаните, евреите и муслиманите, место каде што се вкрстуваат трите религии. Ерусалим има библиски размери и е исполнет со многу знаменитости. Може да се види ѕидот Ѕидот на Плачот, Виа Долороса ( Патот на солзите ), Гентсиманската градина, Црквата на светиот гроб и тн.

Многу работи има да се видат на оваа фантастична дестинација, од кои и просторијата на последната вечера на планината Сион. Ручекот е обезбеден во Витлеем и имате слободно време пред да се вратите во бродот.  Тргнува крузерот во 22:00 часот.

5 ДЕН 11:00 ЧАСОТ | Пристигнување на Кипар – Лимасол 

Кипар е меѓу поважните туристички одредишта во Средоземјето. Има многу да се види и да се научи од посетата на овој остров полн со живот. Лимасол или Лемесос –  втор по големина и најважниот град со најголемо пристаниште во Кипар. Во последните неколку децении станал многу значаен туристички центар. Се наоѓа меѓу двата антички града Аматус и Куријон, и е полно со историски знаменитости. Од пристаништето се тргнува во 18:00 часот и забавата продолжува на бродот.

6 ДЕН 12:00 ЧАСОТ | Пристигнување на еден од поубавите грчки острови Родос 

Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот, едно од Седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство. Денес, островот е еден од најпопуларните туристички одредишта во Европа. Името на американската држава Род Ајленд се заснова од овој остров. Родос е една од најатрактивните туристички одредишта во Грција. Чекорејќи низ улиците, ќе откриете нови фантастични атрактивни места за посетување. Во 18:30 часот се упатувате кон бродот и продолжуваме кон нова дестинација. 

7 ДЕН 7:00 ЧАСОТ | Пристигнување на пристаништето во Кушадаси 

Кушадаси може да се пофали со бројни убави плажи, хотели, ресторани и продавници. Веднаш при пристигнување на пристаништето може да се забележи колку е богата оваа претпоследна станица од нашата морска авантура.

Има екскурзија организирана на Антички Ефес, еден од најголемите, најфасцинантните и најинспиративните археолошки музеи на отворено во светот.  За да се надогради оваа екскурзија тука ви е вклучена бесплатно  и посета на куќата на Богородица.

После тоа автобусот ќе ве однесе во фабрика за кожа каде може да направите убав шопинг во слободното време. Во 17 часот бродот го напушта Кушадаси и се упатува кон Пиреа, каде би требало да стигне во утринските часови. Преостанува уште една ноќ да уживате во забавите на бродот. 

8 ДЕН 7:00 ЧАСОТ | Завршувате со појадок и пристигнување во Лаврион (Атина) и напуштање на бродот 

Крстарењето завшува со посета на спонеминиците на Акрополис кои опстанале скоро 25 века. Посетата на Атина е едноставно восхитувачка.  Во подножјето на Акрополис и неговите антички храмови се наоѓа најстарата населба во Атина, Плака. Тука може да се види „Трилогијата на Атина“ која се состои од Универзитетот во Атина, Националната библиотека и Академија во Атина. Се застанува на стадионот Панатинаик каде се одржале првите модерни Олимписки игри во 1896 година.Тричасовна одисеја низ античката историја завршува со посета на плоштадите на Омонија и Синтагма, самиот центар на модерна Атина.На крајот се упатуваме кон Македонија, со кратки паузи по пат.

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Екскурзија во Египет: Каиро и Пирамидите на Гиза (цел ден – 12 часа)
  • Осумчасовна ексукрзија: Ерусалим и Витлеем
  • Екскурзија во Кушадаси: Антички Ефес и Куќата на Богородица
  • Посета на Атински споменици и Акрополис
  • Организиран превоз Скопје – Атина (Пиреа) – Скопје
  • 7 ноќевања во кабини на крузер (внатрешни или надворешни)
  • Пристанишни такси и бакшиш
  • Забава на брод со безброј разновни активности и анимации во текот на целото крстарење
  • Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • Претставник од агенција на патувањето 

Во цената не е вклучено:

  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот
  • Патничко осигурување
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Виза Египет 

Важна напомена:

  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% Депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА АнаМари Травел и Целестијал. фиб